Заев на ТВ Клан: Со Алтернатива иднината ни е заедничка, мнозинството на Мицкоски е „лажги со опашки“

Очекувам да расте мнозинството, бидејќи имаме две и пол години без избори и мнозинството од 62 на 64 пратеници е добредојдено, откри претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто на Клан телевизија. Според него поради потребата од оперативен и ефикасен Парламент во мнозинството ќе преминат опозициски партии кај кои има интерес.

-Сите коалициски партнери очекувам да се поддржиме како што се договоривме. Во Скопје ја очекувам поддршката и од Беса, ДУИ и ДПА, како и во Куманово, од каде очекувам поддршка и од Алтернатива. Од Алтернатива очекувам поддршка и во Скопје, затоа што иднината ни е заедничка. Тие се понижени од својот коалиционен партнер и потценети, но истовремено се понижени и со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Не добија ништо за возврат на поддршката, а и нивната филозофија е во прогресивноста, рече Заев. Тој исто така кажа дека Христијан Мицкоски четири години најавува ново парламентарно мнозинство, но оцени дека тоа се „лажги со опашки“.

-Нема да има предвремени парламентарни избори, па дури и опозицијата зборува за парламентарно прегрупирање, рече Заев.

Back to top button
Close