Заев од Атина: Постои регионална соработка во енергетскиот сектор, која ќе биде многу важна идната зима
„Регионот мора да настапува заедно, а енергетскиот сектор е вистински пример за заедничко работење. Започнавме и имаме добра иднина ако ги споделуваме ресурсите и си помагаме“ рече Зоран Заев, експремиер и основач и директор на Фондацијата Заев на Делхи економскиот форум во Грција.
Експремиерот истакна дека со заеднички настап на регионот ќе бидеме покомпетитивни и попочитувани од останатите земји.
„Оваа соработка беше видлива минатата година, а ќе биде уште поважна за следната зима. Сега треба да ја продолжиме соработката“ рече Заев.
Тој додаде дека кога минатата есен постоеше страв дали ќе има рестрицкии и доволно енергија, земјава побара помош од пријателите, кои веднаш се одзваа на повикот.
„Ја преживеавме енергетската криза со помош на нашите пријатели – Грција, Бугарија и Србија. Грција сподели со нас сопствени ресурси, како што земјите претходно споделија и вакцини. Регионот ќе биде постабилен и побезбеден ако сите работиме заедно“ рече Заев.