Заев: Од медиумите прочитав дека Рашковски има дозвола да оди на лекар

Дел од медиумите вчера објавија фотографија на која се гледа Рашковски како се движи по улица во Општина Аеродром Премиерот Зоран Заев вели дена не знае зошто ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е виден како се движи надвор од домот додека е во куќен притвор и нагласува дека информацијата која ја има е од медиумите, а тоа е дека има дозвола од суд за да оди на лекар. „Соопштија правосудните органи и МВР дека Рашковски има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар.

Тоа го прочитав од медиумите, значи ниту знам јас зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека има точно предвидено со решение на судот кога оди на лекар заради здравствени потреби, точно колку пати во неделата, кој дел од денот итн. “, вели Заев.

Дел од медиумите вчера објавија фотографија на која се гледа Рашковски како се движи по улица во Општина Аеродром, а од МВР во одговор за порталот „Информакс“ соопштија дека поранешниот генерален секретар има дозвола од Основниот кривичен суд во Скопје во точен период од денот да се оддалечи од домот за да оди да добие здравствена услуга.

повеќе

 

Back to top button
Close