Заев од Велес: Бидете горди со членството во НАТО добивме имотен лист на државата

Бидете горди со членството во НАТО добивме имотен лист на државата, никој повеќе не ветува НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа! Триесетгодишната стратешка цел  членство во НАТО  е завршена работа, а 15 години сме земја кандидат за членство во ЕУ и чекаме одлука за почеток на преговорите, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев од Велес.

-Сето тоа го добивме и е завршена работа. При тоа не сме веќе непријатели со соседите, туку пријатели и денеска ги имаме за сојузници сите наши пет соседи. Тоа е паметно сите земји градат пријателство, а малите земји уште повеќе градат пријателство за да им се најдат и да им помогнат, за животот подобро економски да го живееме со подобар стандард , рече Заев пред велешани.

Тој потсети  дека договорите што ги постигнавме со Бугарија и Грција ни беа влезна карта во НАТО и ЕУ.

-Срцето ни се топеше од радост кога се креваше знамето на НАТО пред нашиот Парламент и кога нашето знаме се креваше пред седиштето на НАТО, рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина во Велес.

Нагласи дека завршено е времето кога милијарди евра пари на граѓаните одеа во споменици, на жални врби, барокни фасади, стиропори и граѓаните се одлучни дека не сакаат враќање во тоа мрачно режимско минато.

-Го победивме времето на страв и трепет, времето на закани и уцени, на хибриден режим, времето кога не раскаруваа со сите дома и со сите соседи надвор, времето во кое што беше апатијата вгнездена во нашата земја заради тоа што немаше абер некој кога ќе добиеме одлука за почеток на преговорите со ЕУ или ќе станеме членка на НАТО, никој не зборуваше за тоа, посочи Заев.

Тој  рече дека пред тоа имавме закани и уцени и тепања по улиците само затоа што некој се дрзнал јавно да зборува и да искритикува некој политичар.

-Ова е комплетно променето денеска. Ние сме сосема нова европска земја, каде што слободата на говорот, на мисли сеопштите слободи  се на највисоко можно ниво, а демократијата е водилка во секојдневното наше функционирање. Затоа велешани да бидете горди оти добивме имотен лист за кој се бореа нашите револуционери и во народноослободителната војна  и во османлиското ропство и низ вековите секогаш да добиеме своја сопствена земја неоспорена од никој  признаена од целиот свет ја добивме. Денеска и Алексис Ципрас и Мицотакис и Бојко Борисов признаваат дека има една Република Северна Македонија во којашто живеат Македонци признаени од целиот свет којшто зборуваат македонски јазик признаен од целиот свет. И овде дилеми нема повеќе. И  еве го Македонецот Заев им се обраќа на Македонците велешани и им кажува македонско оро се играло и ќе се игра со векови нанапред и од едната и од другата страна на Вардар,овде во Велес, порача Заев.

Тој истакна дека пред три години ЕУ-нишката на светската демократија се плашеше дали да напише македонски јазик и Македонци во официјалните годишни извештаи за нашата земја и за сите бевме ФИРОМ, а сега и те како работите се сменети.

-Не сме Северна Тунгузија, Северна Македонија сме нема друга држава Македонија само ние сме и бидете горди оти низ пријателство изградивме решенија, стекнавме стратешки партнери и сега сме членка на НАТО и во септември, почетокот на октомври ги отвараме поглавјата. После 15 години со ЕУ имаме прва меѓувладина конференција и сите фронтиери пред нас се отворени и сега е до нас ќе одиме по правиот – вистинскиот пат или ќе се вратиме назад во режимот и лагите со кој сите заедно се изборивме, порача Заев пред велешани.

Истакна дека во областа на екологијата и спортот е направено повеќе како никогаш до сега во изминативе 30 години од независноста на нашата држава.

-Од областа на екологијата и спортот никој не направил повеќе во овие 30 години независност, а имаме уште многу што да направиме. Донесовме милионски суми за субвенции за еколошки инвертори, инвестиравме огромни пари за пошумување, реалоциравме сериозни суми на пари за замена на системи за греење од секаков вид. Донесовме закони заради интегрираните еколошки дозволи и бараме до крај да се спроведат. Ама има уште многу да работиме.  Ќе инвестираме 60 милиони евра во инвертори во следниот четири годишен период, а 100 милиони евра ќе инвестираме само во замена на филтри на оџаците од индустриските капацитети. Целосно ќе ги замениме, обновиме, охрабриме инспекторатите по екологија“, рече Заев. ад/вј/

Back to top button
Close