Заев почна да ги откажува закажаните патувања

Премиерот во оставка задутре нема да патува за Белград

Премиерот во оставка, Зоран Заев, нема да присуствува на состанокот за иницијативата „Отворен Балкан“, кој беше закажан за 3 и 4 ноември во Белград, соседна Србија.

„Господинот Заев нема да дојде во Белград, со оглед на политичката ситуација“,

рекле од кабинетот на Заев за Танјуг.

Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од челната позиција во СДСМ, по поразот и во вториот круг од локалните избори.

Додека во Собранието се чека да стигне оставката што ја најави, Заев за попладнево закажа средба со колаициските партнери во Владата, по што се очекува да се знаат следните чекори околу преструктуирањта на извршната власт во земјава.

Извор: 360

Back to top button
Close