Заев: Пукањето не е добро, одвраќа гласачи, а е и кривично дело

Aпелирам до граѓаните кои што направиле снимка, го документирале тоа, да помогнат во истрагата може и анонимно , но да помогнат заради што дел од истрагата се води не само со анализа на самата снимка и фокусирање кој тоа го направил, туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на одредена личност, група или сл, рече премиерот Зоран Заев коментирајќи ја снимката за која се тврди дека е на предизборен митинг на ДУИ.

-Јас на состаноците коишто ги имаме со нив, оти редовно работиме секој ден, велат дека се оградуваат и тие повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаи заради тоа што треба да ги одвратиме. Прво не мислам дека тоа носи добро на некој, тоа одвраќа гласачи, одвраќа поддршки, одвраќа позитивен амбиент и второ е кривично дело, тоа е нарушување на јавниот ред и мир, веројатно и злоупотреба и на Законот за оружје и сл. така да МВР веќе постапува, ги има снимките, се познати во јавноста, објавени се и истражува точно да ги најдат сторителите, дополни Заев.

Back to top button
Close