Заев: Се договоривме со Ахмети, јас ќе бидам премиер

По завршување на денешната средба на лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на заедничка прес конференција лидерите соопштија дека се договориле за заедничка владина коалиција.

-Денеска заедно со Али Ахмети имавме успешна работна средба на која ја потврдивме рамката за идната владина коалиција. Постигнат е договор за нова коалициска влада. Овој договор ќе биде презентиран пред највисоките одгани на СДСМ и ДУИ, во текот на денешниот и утрешниот ден. СДСМ тоа ќе го направи и пред коалициските партнери на СДСМ.
Брзиот напредок во преговорите ни беа важни за брзо ставање во функција на институциите, за брзо справување со Ковид-19. Владата ќа ја предводам јас, како нејзин премиер, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close