Заев: Се извинувам ако згрешив што коментирав дека не е добро да нема втора страна во една сторија

Ако сум згрешил заради тоа што сум коментирал дека не е добро да нема втора страна во која било сторија или прилог, тогаш се извинувам за тоа, рече премиерот Зоран Заев за критиките кои ги доби од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) откако во интервју за „Фокус“ во врска со истражувањето на ИРЛ за загадувањето на воздухот и спорниот мазут коментираше дека не била застапена втора страна во приказната.

„ЗНМ ме обвини затоа што сум искоментирал дека во истражувачка сторија или во каква било сторија мора да ја има и втората страна. Јас така сум учен, морав да научам што значи медиуми, работење со медиумите. Јас работам со медиумите, знам дека е исправно и етички да се праша и другата страна. И реков дека е непримерно да не се праша и другата страна и добив критика од ЗНМ. Се извинувам ако сум згрешил со тоа. Навистина не ми е намерата никаде. Јас сум веројатно еден од повлијателните луѓе во државата што можам да се пофалам дека креирајќи политики и атмосфери сум овозможил многу поголема слобода и на медиумите и на истражувачкото новинарство, но и на целокупните слободи во државата“, рече Заев.

Back to top button
Close