Заев се сретна со Вархеји, зборувале за Самитот во Словенија и за економијата

Вархеји минатата недела беше во Бугарија, каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ

 

Премиерот Зоран Заев денеска во Скопје се сретна со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Заев за средбата објави на Твитер.

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за С Македонија и за ЕУ, и посветени сме на тој процес“,

информираше Заев.

 

Посетата на Вархеји следува по вчерашната на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Од ЕК посочуваат дека еврокомесарот Вархеји е во комуникација со сите релевантни страни во однос на дискусијата за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија, каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

https://youtu.be/k0bFAUYj-Z4

Back to top button
Close