Заев со честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани

Милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа. Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина, објави премиерот Зоран Заев, упатувајќи честитка до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика за постигнатиот милион попишани граѓани.

– Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години, стои во објава на фејсбук профилот на премиерот.
Претходно, Државниот завод за статистика објави дека до 15 часот денеска се попишани 1 000 034 лица.

Back to top button
Close