Заев: Со четвртиот пакет мерки опфатени најсиромашните, стимулативна мерка е и враќање на отпуштени работници
Новиот четврт пакет мерки ќе претставува директна помош кон економијата и кон граѓаните. Тука ги опфаќаме најсиромашните, најверојатно со картичките, за да ја зајакнеме потрошувачката моќ на граѓаните, но и компаниите да даваат плати. Тие се најважниот таргет кон кој ќе се димензионираме, а ќе има стимулативни мерки за враќање на отпуштени работници, најави премиерот Зоран Заев.
Државата, како што посочи Заев вечерва во интервјуто на МРТ, има резервирано пари да развие четврт пакет мерки, а притоа да не доцнат пензиите, платите, социјалната помош, трансферите кон фондот за здравство.
Тој истакна дека редовно се сервисираат кредитите земени во минатото, кои се во висина од 1,147 милијарди евра, но државата има доволно средства, така што четвриот пакет мерки е во завршна фаза.
Заев појасни дека редовно имале средби со коморите, со организации на работодавачи, со синдикати, правиме комплетни средби и со универзитетски професори, практичари и слично.
-Следува четвртиот пакет, државата ги има резервирано овие пари за да си ги враќа редовните отплати до крајот на годината и има резевирано пари да развие четврт пакет на мерки, а притоа да не доцнат пензиите, платите, социјалната помош, трансферите кон фондот за здравство. Тука ги опфаќаме најсиромашните, но ќе има стимулативни мерки за враќање на отпуштени работници. Сакаме тие што се отпуштени да ги вратат на работа, нели имаше недостиг на квалификувана работна сила, рече Заев.
Премиерот Заев појасни дека во моментов државата е финансиски ликвидна затоа што навремено се испратени чекори кои ќе значат заокружување на стабилна финансиска состојба на државата.
Ако ковид кризата потрае, премиерот рече ќе се носат и други одлуки, ќе има и други задолжувања.
Што се однесува до БДП, Заев истакна дека БДП во државата во моментов во вториот квартал е навистина на просекот и на регионот и на Европа, поради последиците од коронавирусот. Имаме помали падови на БДП од други земји во Европа.
-Првиот квартал ни беше 0,2 посто раст сега имаме 12,7 пад. Ние веќе во третиот квартал очекуваме некоја позитивна нула, четвртиот ако бидеме како што рпетпоставува целиот експерткси домашен и меѓународен сектор за поново раст да се скучи на економијата, навистина само 12,7 ако ги поделите со сите други квартали со 0 посто раст на четири квартали добивате 3,2 посто пад. така да пчеливаме да бидеме под -4 посто кое беше проектирано и од Светска Банка а тоа на крајот на денот не е животозагрозувачко за финансискиот систем на државата, рече Заев.