Заев соопшти дека неговата фондација испратила 20 тони хуманитарна помош во Украина

Преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, објави на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Помошта ја доставивме во координација со Олександр Горенјук, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи. Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воена агресија од страна на Русија“, напиша Заев.
Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет“, додава тој.

Back to top button
Close