Заев: Свети Николе ќе ја брендираме како „зелена“ општина

Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра, најави денеска од Свети Николе премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

-Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот. Работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите. Минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само четири години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски најниска стапка од 15,9 отсто – рече Заев.

Тој порача дека Свети Николе прераснува во најпривлечна дестинација за инвестиции во „зелена“ енергија.

-Овде веќе имаме потврдено и со одобрение за градба, инвестиција за ветерници од 36 мегавати инвестиција вредна преку 50 милиони евра. Прогласивме стратешка инвестиција од компанијата ЕФТ, фотонапонска централа од над 80 мегавати, проект вреден 60 милиони евра, а само со градоначалникот разговараат инвеститори за инвестиции од над 50 милиони евра. Свети Николе ќе ја брендираме како „зелена“ и еколошка општина – истакна Заев.

Back to top button
Close