Заев: Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓанит
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изрази сочувство за смртта на пулмологот Трајче Нешковски кој загина во денешната трагична сообраќајна несќрека.
-Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина. Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек. Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар. Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија. Почивај во мир драг Трајч – напиша Заев на фејсбук.