Заев: Три милиони евра во македонски и осум во италијански банки се запленети од перење пари со дијализите

Три милиони евра се запленети во нашите банки и осум милиони евра во италијански банки, рече мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање дали и кога ќе сврти бројчаникот.

– Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Три милиони евра се запленети во нашите банки и осум милиони евра во италијански банки, и тие ќе завршат во бројчаникот. Но за тоа колку пари ќе се врата во буџетот не зависи од Владата, туку од разрешницата во судските постапки –  рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека 18 милиони евра од случајот со „Трансмет“ се oчекува да бидат, како што вели, буџетирани средства, додека Финансиска полиција веќе обезбедила еден милион евра од заплена на имот – пари кои треба да и припаднат на државата.

Back to top button
Close