Заев: Усвоен договорот за коалицирање со ДУИ, обезбедено мнозинство за Влада
Зоран Заев после централниот одбор на СДСМ, ги истакна одлуките кои што беа донесени вечерва. Заев потврди дека на седницата е усвоен договорот за коалицирање со ДУИ и ги истакна предложените министри.
Следуваат конкретни итни мерки за финансирање на капитални инфраструктурни проекти. Во делот на судските реформи, ќе инсистираме на силна транспаретност и одговороност во распределбата на предметите. Следува прочистување на судството и потекло на имотот и парите.
Уште повеќе продолжуваат инвестициите во јавното здравство во битката против коронавирусот.
Во делот на надворешната политика, продолжуваме на имплементација на договорите со Грција и со Бугарија, како и рамковниот договор.
Овие принципи ќе ги реализираат професионални, отчетни и одговорни кадри посветени на интересирите на граѓаните. Централниот одбор ги прифати предложените кандидати за министри.
СДСМ во своите редови на свои предлог номинира:
Вицепремиер за економски прашања – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски
Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров
Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министер за правда – Бојан Маричиќ
Министер за одбрана – Радмила Шекеринска
Министер за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерс за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министер за култура – Ирена Стефоска
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска“, рече Заев.