Заев: Утре ќе најавиме нови иницијативи, ќе го објавиме името на овој нов балкански развој

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска беше домаќин на премиерот Зоран Заев, албанскиот премиер Еди Рама, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ, кои се во посета на Скопје во рамки на одржувањето на регионалниот деловен економски форум, а премиерот му заблагодари на скопскиот градоначалник.

„Му благодарам на градоначалникот Петре Шилегов што ни беше домаќин на прошетката низ Скопје во пресрет на утрешниот прв Економски форум за регионална соработка.Со претседателот Вучиќ и премиерот Рама имавме прилика да го видиме новиот кеј покрај Вардар и со гордост можам да кажам дека се согласивме дека Скопје навистина е една поинаква приказна“ напиша Заев.

Тој додаде дека соработката помеѓу три држави на граѓаните им носи огромни придобивки.

„Утре ќе најавиме нови иницијативи, ќе го објавиме името на овој нов балкански развој и ќе ја интензивираме соработката со потпишување на три договори од заеднички интерес“ напиша Заев на фејсбук.

 

Back to top button
Close