Заев: Вељаноски, Јанакиески и Ристески не се организатори на настаните од 27 април

Премиерот Зоран Заев денеска пред судот посочи дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески не се организатори на настаните од 27 април. Тој на општо изненадување посочи дека тие не се главните виновници, иако процесот се води против нив.

Сметам дека тие не се организатори, мотиватори, туку дека тоа е Никола Груевски. Овие луѓе се изнамипулирани од страна на Груевски и не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка, рече Заев.

Back to top button
Close