Заев- Верушевски е професионалец,познато е дека неговиот син е проблематичен

Верушевски е врвен професионал, тој ми е близок и ке остане така ,јас му верувам сега е мој советник за национална безбедност и така ке биде и во иднина,одговори Заев на ТВ Телма прашан дали после ова што неговиот син го рави односно пушта бомби од ручек кој го имале во Струмица и го злоупотребил тоа. Кој незнае дека синот на Верушевски е проблематичен одамна,јас бев и сум близок со таткому и со неговата мајка,со него откако самиот откри дека на пријателски ручек тајно ме снимал секако дека нема да бидам призна Заев. Тој рече дека Верушевски во сведочењето на суд за прислушкувањето ја кажал вистината односно дека бомбите ги добил СДСМ а тој како член на партијата работел на подготовка на прислушкуваните разговори кои дел од нив СДСМ јавно на прес коференции ги објавуваа а буквално сите бомби што СДСМ ги доби ги предадовме во тогашното СЈО и има записник за тоа.

 

Back to top button
Close