Заев: ВМРО-ДПМНЕ нека се откаже од свој потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ

Мандатарот Зоран Заев ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за собирање политички поени со актуелизирањето на проблематиката Собранието да има пет потпретседатели. Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ да не предложи свој потпретседател, тогаш и СДСМ ќе остане без потпретседател.

– Како бројка за предлог бројот на потпретседателите останува ист како во 2017 година. Тогаш парламентот утврди пет потпретседатели, а се пополнија четири. Тоа е бројка не значи дека сите потпретседателски места ќе бидат пополнети. Оваа проблематика која ВМРО-ДПМНЕ ја отвори е само за политички поени. Еве нека се окаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник, ќе се откаже и СДСМ. Ќе имаме три. Но собранискиот Деловник вели дека најголемата опозициската партија има еден потпретседател. Ова е собирање на политички поени на непринципиелен начин. Тоа е работа на Собранието – рече Заев:

Back to top button
Close