Заев во Центар: Секое скопско маало да се развива модернистички, а не со барок и со шмизли

Лидерот на СДСМ прогнозира предност од 5 000 гласа во Центар во вториот круг, што, како што вели, ќе се одрази и на резултатот за Скопје

 

Важно е секое маало, секоја педа од Скопје да продолжи да се развива модернистички, а не со барок, споменици, не со шмизли и секакви музеи. Важно е да се развива за граѓаните, за младите луѓе да ни останат тука, тука да работат, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, за време на серијата маалски средби со граѓаните на општина Центар.

„Скопје ќе продолжи по патот по кој тргна. Овој пат, јас сум убеден дека ќе победиме во Центар со повеќе од 5 000 гласа и за вашиот иден градоначалник Горан Герасимовски и за Петре Шилегов.  Имате добри луѓе за кандидати, луѓе кои се добро упатени, добро поврзани и со централната власт, ги знаат во детали сите проблеми“,рече Заев.

Тој се осврна и за неприсуството на противкандидатката на Шилегов Данела Арсовска на дебати во, како што вели, целиот изборен период.

„Жално е што овие денови се обидуваат да го потценат, да го излажат и изманипулираат нашиот народ. Ние немаме проблем како се изјаснува граѓаните, дали Данела се чуствува Бугарка или не. Ние сме лидери на едно општество за сите, секој може да биде кандидат во оваа држава. Но да го лажеш својот народ и да манипулираш пред камери“,рече Заев, оценувајќи дека в понеделник „ќе ја заборавиме Данела“.

Back to top button
Close