Заев во Прилеп: Тие што го нарекоа Конески „џуџето од Небрегово“, нека не продаваат лажен патриотизам

Со години, во извештаите од ЕУ не стоеше македонски јазик, туку службен јазик или јазикот на мнозинството граѓани, денес тоа веќе го нема. Има македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, рече лидерот на СДСМ на предизборна трибина

Создадовме суверена држава, каде што живеат Македонци признаени од целиот свет. Тие што го нарекоа „Блаже Конески џуџето од Небрегово“, не можат да продаваат лажен патриотизам и национализам. Нашиот идентитет го зачувавме со памет и со мудрост, денес македонскиот јазик е признаен од целиот свет, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина во Прилеп.

„Последен доказ дека сме го зачувале и зацврстиле нашиот идентитет и нашиот македонски јазик е преговарачката рамка со ЕУ. Таму јасно стои дека европското законодавство ќе биде преведено на македонски јазик. Со години во извештаите од ЕУ не стоеше македонски јазик, туку службен јазик или јазикот на мнозинството граѓани, денес тоа веќе го нема. Има македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички“,посочи Заев.

Тој нагласи дека граѓаните гледаат кој се грижи за националните интереси, кој мисли на граѓаните и економијата и затоа, како што кажа, нема да дозволи лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во изолација и во кавги со соседите.

Back to top button
Close