Заев: Водиме три, со можност пет мандати

-Со убедлива и стабилна предност од над три пратенички мандати пред ВМРО ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе нашата коалиција Можеме е победниката коалиција на овие парламентарни избори. Најразниликата најмоќната и поведничка е „Можеме“ – изјави претседателот на СДСМ; Зоран Заев.

 

-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата,  најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

Нагласи дека волјата на народот победила, граѓаните гласале за сигурна иднина.

-Граѓаните излегоа и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за  економски патриотизам, за ред и правда, излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре.  Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно „не“, порача Заев.

Нагласи дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.

Back to top button
Close