Заев за Центарот за македонски јазик во Грција: Тоа се плодовите од Преспа на кои се радуваме сите Македонци
Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци.
-Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји.
🇲🇰🇬🇷
Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство – напиша на фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.