Заев за Катимерини: Многу често сум во Грција, моите деца учат во Солун

Грција е еден од нашите најверни пријатели и тоа го гледаме во анкетите. Сега, анкетите ја покажуваат Грција како еден од петте најдобри пријатели на Македонија, додека пред Преспа, таа беше еден од нашите три најголеми политички непријатели. Денес, многу се радувам кога гледам семејства како меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега на пр. на стоматолог, додека доаѓаме на кафе, на храна, на шопинг, особено во Солун. Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку љубезни, а има и такви кои велат „Господине Заев, јас сум против Преспа, но вие сте добар човек. Затоа, ајде да работиме заедно“. Ова го вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервјуто дадено за „Катимерини“ деновиве.

Тој вели дека Македонија до 2030 ја гледа како членка на ЕУ како одговор на прашањето „каде ја гледате вашата земја за 10-15 години?“.

– Веруваме дека најдоцна до 2030 година Македонија ќе биде земја членка на ЕУ. Сите овие 17 години колку што имаше полемики за името, сменивме многу законодавства, го искористивме овој пат да го усогласиме нашето законодавство со европското, така што ќе имаме побрз пристапен процес во споредба со другите земји.

Back to top button
Close