Заев за поднесувањето оставка ќе чека до сабота исход од гласањето за доверба на владата, тврдат извори од СДСМ за Телма

Извори од СДСМ за Телма велат дека Заев вечерва нема да си поднесе оставка, туку ќе го чека до сабота исход од гласањето за доверба на Владата. Потоа е дециден дека ќе ја депонира оставката.

Заев бил многу лут на Беса која според него избрзала со потегот и не ја дочекала одлуката на Управниот суд за Желино. Ова е дел од дискусијата на ЦО на СДСМ кој сѐ уште е во тек.

Заев беше дочекан со аплаузи и овации од своите сопартијци

Back to top button
Close