Заев за разговорот со лажната Грета: Веднаш објавивме дека се работи за хибриден напад, затоа во поголемиот дел од времето молчам

Лидерот на СДСМ Зоран Заев за објавениот разговор со лажната Грета Тумберг, повтори дека важно било дека власта сфатила дека станува збор за хибриден напад на телефоните на владата од пранкери. Тој истакна дека во разговорот повеќе од времето молчел оти знаел дека станува збор за пранкери, а кога говорел ги застапувал државните ставови.

– Уште кога се случи разговорот објавивме дека е обид за хибридно влегување во телефоните, дека е направен хибриден напад на телефоните во владата од пранкери, со модерни технологии буквално менувајќи го гласот на славната Грета, борец за екологија и еколошки права насекаде во светот. Тогаш објавивме детали. Гледате дека во самиот разговор јас повеќе од времето молчам заради тоа што во текот на разговорите тоа го препознавме и оставивме да зборуваат комлетно за да можеме веднаш да го објавиме. Го информниравме  и семејството на Грета. Тие тогаш реагираа колку се згрозени од злоупотребата на идентитетите на славни личности. Сето тоа кажува колку овој нов свет може да биде загрозувачки за државите, за граѓаните, за градовите, за поединци, така да дефинитивно треба уште повеќе да бидеме подготвени во општеството. Гледате дека во разговорите јас стојам на државните ставови, тогаш кога зборувам официјално и јавно. Но она што е важно овој обид за манипулација од пранкерите беше фатен благодарение на протоколите кои ги воспоставивме по првиот обид што се случи во земјава – рече Заев.

Back to top button
Close