Заев за снимките од „Рекет“: Со каква леснотија зборуваат за 4, 6 и 8 милиони…

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција одговори и на новинарско прашање поврзано со случајот „Рекет“, односно за последните објавените снимки, на кои се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков и Зоран Милевски Кичеец.

-Овие 4 милиони, 6 милиони, 8 милиони, јас, вие, а веројатно и поголем дел од граѓаните не знаеме да ги напишеме, а тие со таква леснотија ги споменуваат. Ова кај мене остави впечаток дека мора да се промени. Конекциите меѓу адвокатите, судиите, обвинители, влијателни луѓе мора да заврши. Затоа ветивме прочистување преку ветингот. Мора да има и санкции и одговорност за судиите и обвинителите, како и одземање на лиценци на адвокатите, истакна Заев.

Back to top button
Close