Заев за тв 24: нечесно е да се оквалификува една цела нација како фашистичка

 

Лидерот на СДСМ и премир Зоран Заев во емисијата 24 анализа во врска со релацијите со Софија истакна дека политиката не може да се меша со историјата, ниту нешто да смени. Вели дека ако сака да се гради пријателство и добри односи, треба да се изгради и пријателски амбиент. Остануваат спомениците како потсетник на фашизмот, но нечесно е да се оквалификува една цела нација како фашистичка.

–  Непијатено е чувството  да ве именуваат како фашистички окупатор. Во европските учебници, во духот на европските манири, се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот. Целта ми е градејќи сите тие односи, да внимаваме на нашинот на кои ги општиме работите се со конечна цел да градиме едно пријателство. – рече Заев.

Заев рече дека учат, но може дополнително да истражуваат за историјата. Именувајќи бугарски фашистички окупатор, тоа  рефлектира кон цела една нација, и тоа е горчина за бугарскиот народ.

Back to top button
Close