Заев за ТВ21: Прво избор на новите пратеници и потпретседатели на Собранието, a после предлогот за новата Влада

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, во изјава на ТВ21 рече дека предлогот за новата Влада ќе биде доставен кога ќе се одберат потпретседателите на Соранието.

„Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот.“, рече Заев кој одговори потврдно на прашањето дали станува збор за пратеници кои се следни на листа на пратеници откако некои беа предложени за министри

Back to top button
Close