Заев: Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот

Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот, кој го одбележуваме секоја година на 27 јануари, во помен, чест и слава на 7 милиони еврејски мајки и ќерки, татковци и синови, пријатели и соседи – кои ги загубија своите животи во фашистичките логори на смртта.

На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, во Полска.

Сеќавањето на нив секогаш да нѐ потсетува дека тишината и молкот можат да биде соучесник на злото и дека наша должност е во секоја ситуација да се спротивставуваме на секоја форма на фашизам, фанатизам, расизам, ксенофобија и геноцид. #HolocaustMemorialDay

Back to top button
Close