Загадениот воздух го напаѓа мозокот: Студија открива силна врска со Алцхајмер

Луѓето изложени на повисоки нивоа на загадување на воздухот во текот на целиот живот имаат поголем ризик од развој на Алцхајмерова болест, покажа нова студија од Универзитетот Емори во САД, истакнувајќи дека загадувањето на воздухот влијае директно на мозокот, а не индиректно преку хронични болести како што се хипертензија, мозочен удар и депресија, кои се исто така фактори на ризик за деменција.

Како што објави Euronews, најсилната поврзаност помеѓу загадувањето и Алцхајмеровата болест е забележана кај луѓе кои претходно имале мозочен удар

Тимот истражувачи го споредил нивото на изложеност на фини честички (PM2.5) со инциденцата на Алцхајмерова болест и улогата на три вообичаени поврзани болести.

Фините честички се особено опасни бидејќи можат длабоко да навлезат во белите дробови и крвотокот, а главните извори вклучуваат издувни гасови од возила, термоцентрали, индустриски активности, шумски пожари и согорување на дрво или фосилни горива во домаќинствата.

Back to top button
Close