Загина 25-годишнo момче во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид

Дваесет и петгодишно момче од кичевско загина во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во неделата изутрина на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Во ОВР Кичево е пријавено дека несреќата се случила над с.Попоец, помеѓу возило „нисан навара“ управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и возило „БМВ“ управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „БМВ“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Back to top button
Close