Загина едно лице во потонат чамец во близина на грчкиот остров Родос

Во близина на крајбрежјето во северозападниот дел на грчкиот остров Родос, потонал чамец во кој се превезувале околу 14 лица, веројатно мигранти, а еден маж го загуби животот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката крајбрежна служба, 13 лица од чамецот успеале сами да стигнат до брегот и се во добра здравствена состојба, додека пак спасувачките екипи го извлекле безживотното тело на еден маж.

Според спасените, во чамецот имало вкупно 14 лица, но патролните бродови од крајбрежната служба продолжуваат со спасувачката акција, во случај да има и други починати или исчезнати од потонатиот чамец.

Back to top button
Close