Загина комунален работник во Гостивар, се заглави во одводен канал

Вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар загина при чистење на одводни канали во атарот на селото Горно Јеловце, соопштија од СВР Тетово.

„На 15 јуни во 12:47 часот било пријавено дека во канал за вода се наоѓа починато лице. Полициски службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. Според првичните информации, тој заедно со свои колеги дошол да го исчисти каналот на локација каде што имало одводни канали за прибирање на проточни води. Во текот на работата, се заглавил во еден од каналите“ соопштија од СВР-Тетово.

Од каналот го извлекла екипа на Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Back to top button
Close