Загина мотоциклист во Прилеп – се забил во паркирано товарно возило
Моторциклист загина откако се забил во паркирано товарно возило во Прилеп.
-Вчера во 13.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Народен херој Орде Чопела“, мотоцикл „кимко“ управуван од Љ.П.(44) од Прилеп удрил во заден дел од товарно моторно возило „ман“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од Р.П.(43) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде им подлегнал на повредите, велат од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.