Загина работник во рудникот Суводол во РЕК Битола
Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К., 60 години. Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.
Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот.
Јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија, соопштија од РЕК Битола.