Загина жена, а тројца се повредени во превртен автомобил кај Македонски Брод
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на локален пат кај село Русјаци, општина Македонски Брод.

Во несреќата животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево. Автомобил марка „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг излета од коловозот и се преврте.
Од здобиените повреди на местото на несреќата почина жената, а лекар констатираше смрт. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Сопатниците, С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Прилеп каде им е укажана медицинска помош






