Загинаа мајка и дете во скопски Карпош по пад од зградата „Алумина“

Во скопската населба Карпош попладнево се случи голема трагедија.

Животот го загубија жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години. Тие паднаа од шестиот кат на станбена зграда.

Според информациите, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднаа од балкон на шести кат од зградата.

На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која само констатирала смрт кај двете лица.

Екипи на Брза помош и полицијата веднаш биле упатени на местото на настанот, каде се врши увид и се утврдуваат околностите под кои се случила трагедијата.

Неофицијално, причина се несредени семејни односи и вршење семејно насилство врз жената. Сопругот бил дома кога се случил падот, веднаш се симнал долу,објави а1 он.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот.

Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Back to top button
Close