Загинатата професорка Сара беше самохрана мајка, откако нејзиниот поранешен сопруг почина пред околу четири години: Две деца останаа без единствениот родител!
Сара Пројковска, придружен вокал на ДНК, која е помеѓу загинатите во пожарот во Кочани, пред помалку од четири години го изгуби поранешен својот сопруг, кој исто така беше музичар.
Станува збор за Александар Николовски, џез музичар и професор по труба, кој почина кон крајот на декември 2021 година, на 48-годишна возраст, по кратко боледување.
Сара, која како самохрана мајка се грижеше за нивните две деца, во јавноста беше позната како придружен вокал не само на ДНК, туку и на други популарни бендови.
Беше професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност, од каде ја потврдија веста за нејзината смрт.
Двете деца на Пројковска останаа без единствениот родител по незапамтената трагедија која ја погоди Македонија. Дури 59 млади лица починаа, а од нив три се малолетни. Повредени се 155 младинци.
Веќе се приведуваат осомничени лица за предизвикување на настанот во клубот кој работел без лиценца. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека осомничените имаат име и презиме, и сите кои се одговорни ќе одговараат.