Загинатиот велосипедист е Јорго Ќука поранешен директор на Охис

Загинатиот велосипедист кој денеска настрада во Скопје е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис.
Ќука беше тешко повреден а подоцна починал по сообраќајна несреќа што попладнево се случи на булеварот „Илинден“ во Скопје.
Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил удрил во велосипед управуван од машко лице.
Лицето кое го згазил познатиот стопанственик Ќука е фатено од полицијата откако претходно го напуштило местото на трагедијата.
Јорго Ќука беше познат македонски стопанственик, општествен работник, инженер-технолог и долгогодишен директор на хемискиот гигант ОХИС. Роден е во 1947 година во Крупшево, а дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1972 годинa
Покрај својата работа во фабриката, Ќука беше активен и во стопанските организации. Тој беше претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи. Колегите го опишуваа како дисциплиниран и стамен човек, кој ја познавал индустријата „од внатре“, од производниот процес до пазарната стратегија.
Ќука беше тешко повреден, а подоцна почина, по сообраќајна несреќа што се случи попладнево, откако возејќи велосипд, во него удрил автомобил „фолксваген пасат“ управуван од машко лице. Возачот, кој го прегазил, наместо да му пружи помош, го оставил возилото и побегнал од местото на трагедијата. Подоцна полицијата го пронајде и го уапси. Станува збор за 37-годишен скопјанец со инцијали Х.К. Против него МВР најави соодвеетна пријава.
					





