Заглавен турски државјанин, бил спасен меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија

Спасен е заглавен турски државјанин меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија, информира ЦУК.

Имено, по добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во пределот меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што граничната полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти центарот.

Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природата, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови, на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот

Back to top button
Close