“Загрижувачки извештаи за финансиски, административен и физички притисок врз академскиот кадар и ограничувања на слободата на медиумите” – Извештај на делегацијата на ЕП за посетата на Србија
Во извештајот се нагласува дека „средбите со различни актери ја потврдија високо поларизираната политичка сцена во Србија
Делегацијата на Одборот за надворешна политика на Европскиот парламент објави извештај по посетата на Србија од 22 до 24 јануари, во кој се наведува дека посетата дошла во вистинско време и дека ја потврдува цврстата посветеност на перспективата за членство на демократска Србија во Европската Унија.

„Пратениците изразија солидарност со српските граѓани, студенти и актери на граѓанското општество кои ги остваруваат своите демократски права и повикаа на одговорност, транспарентност и институционална одговорност. Европратениците ги повикаа властите да обезбедат итни, непристрасни и транспарентни истраги за сите наводи за непотребна и непропорционална употреба на сила и незаконско следење на демонстранти“.
Во извештајот се нагласува дека „средбите со различни актери ја потврдија високо поларизираната политичка сцена во Србија“.
„Европратениците, исто така, добија загрижувачки извештаи за финансиски, административен и физички притисок врз академскиот кадар и ограничувања на слободата на медиумите. Европратениците изразија загриженост во врска со судските реформи што се дискутираат во Националното собрание, кои ризикуваат да ја поткопаат независноста на судството“.
Членовите на ЕП ја потврдија својата посветеност на „перспективата за членство на демократска Србија во ЕУ“ и нагласија дека тоа е „процес заснован на заслуги, заснован на почитување на демократијата, владеењето на правото, основните права, слободата на медиумите и независноста на судството, како и целосно усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“.
Од 22 до 24 јануари, членовите на делегацијата на ЕП во Србија се сретнаа со двајцата потпретседатели на Народното собрание, Елвира Ковач и Марина Рагуш, претставници на владејачките и опозициските парламентарни партии, министерот за европски интеграции Немања Старовиќ и министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со претставници на медиумите, граѓанското општество, истражувачките центри, академската заедница и студентите, се вели во извештајот.
Членовите на делегацијата се сретнаа со заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ и амбасадорите на земјите-членки. зш/pп/






