Захариева: Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат
Захариева во нејзината изјава не дава многу детали околу преговарачката рамка за која вели дека сè уште траат дискусиите во европските работни групи и истата не е дојдена за разгледување ни на ниво на амбасадори
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека добрососедските односи не ги измислила Бугарија и тие се основен услов и критериум за членство во ЕУ, а Македонија мора да го почитува и спроведува Договорот за пријателство и добрососедство.
„Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство што не е критериум за членство во ЕУ кој го измисли Бугарија, туку е европски критериум и треба да се надгледува во преговарачката рамка“, вели Захариева за бТВ, а пренесува БГНЕС.
Во изјавата таа тврди дека бугарската страна повеќепати повикувала на враќање на спроведувањето на договорот и вели дека членовите на Мешовитата комисија веќе оствариле контакт.
„Работата на комисијата беше запрена пред една година, еднострано од Скопје“,вели Захариева.