Захарова ја спореди посетата на Вучиќ кај Трамп со сцена од „Ниски страсти“
По посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Вашингтон и средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше и портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија.
Имено, Марија Захарова на својот Фејсбук профил објави фотографија од претседателот на Србија од Белата куќа, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.
Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата бр. 2, кој и да сте. Верувајте ми, напиша таа.
Српскиот претседател, кој е во Брисел, остро реагираше на овој коментар на Захарова. -Марија Захарова најмногу говори за себе. Примитивизмот и вулгарноста зборуваат за неа, како и на оние кои тука ја поставија, рече Вучиќ. Тој истакна дека не е во состојба да објасни нечиј примитивизам. – Замислете, дојдов во Белата куќа, тогаш ви кажуваат – одите во Овалната соба и тоа е посебна чест. Дојден е највисокиот врв на САД, ве носат на билатерален разговор. Трамп седи во фотелја, а мене ми носат столче на кое седам спроти него. Не фантазирам ниту за ниски страсти, ниту за столчиња. Проблемите со своите соништа решавајте ги како што сакате. Седев на тоа столче за да го подигнам угледот на Србија, рече претседателот на Србија и додаде: -Можев да стојам, исто така можев и да клекнам. Што е важно. Претпоставувам дека е важно колку болници ќе изградиме, пруги.., додаде Вучиќ. Објавата на Фејсбук на Захарова беше искоментирана и од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. -И замисли тој претседател не рече ниту еден грд збор против Русија, дури ни на тоа место. И замислете дека тој претседател чекаше и по еден час на приемот на рускиот претседател и никогаш не побара специјален стол. Не ви дозволувам да ги напаѓате гордите Срби. Срам да ви е, напиша Ѓуриќ на Твитер. Министерот за одбрана, Александар Вулин оцени дека Захарова ги навредила сите оние што ги бранат Русија и Србија.