Захарова: Политиката против Русија ја турка ЕУ во ќорсокак

– Европската унија колку повеќе ја следи својата политика на санкции против Русија, толку повеќе себеси се турка во ќорсокак, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Овој чекор го оценуваме како уште една пропуштена шанса да се излезе од ќор-сокакот во кој ЕУ се наметна себеси поврзувајќи ја иднината на односите со нашата земја со ситуацијата во Украина. Проблемот со рестриктивните мерки произлегува директно од апсолутно деструктивната политика избрана од бриселските дипломати и европските структури, форсирајќи обвинувачки тон кон нашата земја, рече Захарова.

Таа посочи дека ЕУ, наместо да го прифати предлогот на Русија да бара заеднички решенија, претпочита да ја следи политиката што и досега ја практикуваше, продолжувајќи ги ограничувачките механизми против Русија и воведувајќи нови, објави ТАСС.

Русија ја повикува ЕУ да се откаже од таквите методи што се спротивни на нормите и духот на меѓународното право, посочи Захарова.

ЕУ ги продолжи санкциите против руски и украински граѓани и правни лица, воведени во 2014 година, за шест месеци, до 15 март 2021 година. паг/

Back to top button
Close