Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат во Констанца и протерување на конзулот

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изрази „огорченост поради одлуката на Романија да го затвори рускиот генерален конзулат во Констанца и да го протера конзулот“.
Таа ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ за одлуката што ја објави романскиот претседател Никушор Дан.
„Соодветните мерки во врска со прогласувањето на рускиот генерален конзул за персона нон грата и затворањето на Генералниот конзулат нема долго да чекаат“, рече Захарова.
Таа претходно изјави дека сите обвинувања за руски беспилотни летала што летаат над Европа се неосновани и недокажани.






