Закана од саботажи во Чешка: Руските агенти се фокусираат врз компаниите што помагаат на Украина


Домашната разузнавачка служба на Чешка (БИС) соопшти дека земјата и натаму се соочува со висок ризик од дејствување на таканаречени „еднократни агенти“, кои се ангажирани и насочувани од Русија за извршување саботажни напади, пренесува Анадолија.

Според годишниот извештај на БИС за 2025 година, во кој увид имало Чешкото радио, овие саботажни закани првенствено се насочени кон компании, институции и субјекти вклучени во производството или дистрибуцијата на воена и хуманитарна помош наменета за Украина.

Во извештајот исто така се истакнува дека чешките државни институции во изминатата година биле цел на интезивни сајбер-напади, при што се регистрирани активности на хакерски групи поврзани со Русија, како и зачестени сајбер-операции од актери поврзани со Кина.

Back to top button
Close