Закани и навреди “Фуркан е мочко, би го исшамарала” напиша презентерката на МТВ Ѓорчева

Новинарот Фуркан Салиу одговори на фејсбук пораката на  Гордана Ѓорчева, која инаку е презентерка на вестите во МТВ.Ќ.

-Гордано мори, работиш во национален сервис. Институција која што не би требало да има место за луѓе како вас.

Со ваков речник, не е ни чудно што со години си презентер во МТВ а јас те знам само од митинзи спонзорирани од политички партии.

Ме нарекуваш мочко… Мораш да си експерт за мочковци затоа што со години ја мочаш професијата која би требало да ти биде чест да ја извршуваш.

Поради таквите како тебе Гордана денеска на факултетот за новинарство се запишуваат по 4,5 студенти.

Ќе ме шамараш? Не ви е доста што често се шамарате меѓу себе во МТВ па сега сакаш да се пробаш и во приватни медиуми?

Не би ти вратил Гордана, би наведнал глава и не би ни пријавил во полиција. Таквите како тебе се шамар за медиумската фела, а тие шамари ја доведоа оваа професија на нивото на кое што е, болат многу повеќе од шамарите на една немоќна жена која што имаше многу посилно “оружје’’ во раката (микрофон) а не знаеше никогаш да го искористи за да направи нешто добро за оваа општество. 🙂– одговори Салиу.

 

Back to top button
Close