Закани по живот кон полициски службеник синдикален претставник од командир на ПО Арачиново

 

На ден 03.07.2020 година, 24 часа после одржана  прес конференција пред ЕВР Гази Баба, Скопје, поради обелоденување за прекршување на Кривичниот  Законик на РМ,  односно  откако беа посочени организациони единици каде раководители не ги почитуваат мерките за  заштита од корона вирусот, а кои постапуваат  спротивно на  законските прописи  и правилата  во министерствотро за внатрешни работи, на наведениот ден поточно во времето околу 18:15 часот на подрачјето во село Арачиново при извршување на службени работни задачи од страна на Командир на ПО АРАЧИНОВО  кој не беше на должност односно со  неповикано пристигнување со приватно возило на местото на настанот,  беа упатени смртни закани кон мојот живот со заканување дека ќе бидам ликвидиран од негова страна со што  добив сериозни закани дека ќе бидам убиен под изговор поради превземање на мерки за непочитување и некористење заштитни средства  против заразната болест ковид 19.

За настанот истиот ден имаше дополнително насилие и  спречување од незаконски поставен раководител ВБР  во ПО АРАЧИНОВО,  а со цел за  да  не биде  пријавено и непримање на пријава за Насилството и упатените закани поради   помагање и обид за  прикривање на Кривичното дело од страна на Раководител беше направено  спречување на службено лице со  попречување на  пријавување, а  со цел  помагање на Заканувачот.

Случајот  беше пријавен во ПС ОН ГАЗИ БАБА Скопје , за што во присуство на Полициски службеници од одделот за внатрешна контрола и полициски службеници од оддел за насилен Криминал е пријавено Кривично дело Загрозување на сигурноста  по член 144 од КЗ на РМ.

Во текот при  постапката на Пријавување неофицијално кон мене се допрени  информации дека  во времето од 21:00 часот до 23:00 часот  се јавувал кон Службените лица  висок фукционер како Дополнителен Началник со  што постои сомнение за вршење на притисок  а со цел заташкување на случајот  за  заштита на поставениот незаконски Командир на ПО АРАЧИНОВО  кој е поставен на функција со Решение на Министер од декември 2019 година.

Мојот живот во моментот е доведен во опасност поради добиените закани од непосреден раководител кој сеуште е на службената положба со овластување и вооружен со службено оружје.

Дејан Саздов 

 

 

Back to top button
Close